Top Sport

Полициска акција во менаџерската агенција на Жорж Мендеш

Припадници на португалската финансиска полиција, попладнево влегле во просториите на менаџерската агенција „Жестифут“ во Порто. Сопственик на агенцијата е најмоќниот фудбалски менаџер во светот, Жорж Мендеш. Најпознат негов клиент е Кристијано Роналдо.

Покрај во агенцијата на Мендеш, полицијата влегла и во просториите на фудбалските клубови Виторија Гимараеш и Брага.

Финансиската полиција спорведува акција, во која го истражува работењето на фудбалските менаџери. Сомневањата се дека преку договори на клубовите со „трета страна“, менаџерите заработувале пари за кои не плаќале данок.

Неофицијално, португалските медиуми пишуваат дека се работи за сума од 15 милиони евра, додека водечкиот медиум „А Бола“, тврди дека во прашање е сума од 200 милиони евра.

До информациите, полицијата дошла по запленувањето на материјали во март 2020 година во акцијата „Фора де Жого“. Во таа акција беа уапсени 47 лица.

Scroll to Top