Top Sport

Гвинеја го загуби домаќинството на Купот на Африкански нации

Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Патрис Моцепе изјави дека домаќинството на Африканскиот куп на нации (КАН) во 2025 година ќе и биде одземено на Гвинеја, бидејќи лошата инфраструктура која не е подготвена за вакво натпреварување. Моцепе им рече на новинарите дека ЦАФ повторно ќе отвори повик за пријавување за домаќин на континенталниот натпревар во 2025 година.

„Ќе побараме од ЦАФ да започне со собирање нови апликации за домаќинство, бидејќи инфраструктурата и опремата во Гвинеја не се приспособени или подготвени да бидат домаќини на КАН во 2025 година“, изјави Моцепе.

Моцепе изјави дека оваа одлука на ЦАФ датира од јули оваа година.

„КАН 2025, кој и беше доделен на Гвинеја, засега не е подготвен да се одржи во таа земја и мораме повторно да го отвориме овој процес“, дополни тој.

Африканскиот куп на нации во 2023 година ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска, а титулата освоена во јануари годинава ќе ја брани Сенегал.

Scroll to Top