Top Sport

Рамос дебитираше, ТРИ асистенции на Меси и повреда за Нејмар во снежниот Сент-Етјен!

Пари Сен-Жермен стигна до тешко извојувана 3:1 победа на гости кај најтрофејниот француски клуб Сент-Етјен, во меч во кој, конечно, своето деби за ПСЖ го имаше Серхио Рамос, а неговиот соиграч Лионел Меси имаше неверојатни три асистенции за тешка победа.

Нејмар уште во 7. минута ја затресе мрежата на домаќините, но голот беше поништен поради офсајд, по што во 25. минута следуваше шок за фаворитите, кога Денис Буанга успеа да го совлада Џанлуиџи Донарума. До крајот на полувремето, тимот на Маурисио Почетино успеа да израмни, откако црвен картон доби Тимоти Колодзиејчак, а Меси го пронајде Маркињос за 1:1.

И покрај притисокот и огромната разлика во поседот на топката, за гол се чекаше до 79. минута, кога Меси со прекрасна топка го пронајде Анхел ди Марија за три поени. Во 85. минута малер за ПСЖ, откако Нејмар незгодно се повреди и на носилки беше изнесен надвор од теренот, а потоа во 90. минута, Меси повторно успеа да го најде Маркињос за конечни 3:1.

ПСЖ сега по 15 кола во Лига 1, имаат освоено 40 поени, дури 14 пред второпласираната Ница, додека Сент-Етјен остануваат препоследни во лигата со 12 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top