Наполи е блиску до обезбедување замена за Ким Мин-Јае кој беше продаден на Баерн Минхен. „Наполитанците“ се во напредни преговори со Ред Бул Брагантино за дефанзивецот Натан.
Се очекува италијанскиот клуб да плати 10 милиони евра за правата на Бразилецот, а во оваа сума се вклучени и бонуси, информираат италијанските медиуми.
Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Наполи, а останува да се постигне конечен договор и меѓу двата клуба.
Натан има 22 години и има договор со Ред Бул Брагантино до декември 2025 година.