Top Sport

Брегалница реагира: Стојчевски не ни досуди чист пенал!

Македонскиот прволигаш Брегалница реагира на судењето на Игор Стојчевски на денешниот меч против Струга ТЛ (0:1). Штипскиот клуб смета дека е оштетен за пенал.

„Главниот судија на натпреварот од 2. коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Струга ТЛ, Игор Стојчевски од Скопје не досуди очигледен пенал за Брегалница во 56. минута по акцијата на Борха Кордоба и играта со рака на гостинскиот дефанзивец. Одлука која очигледно влијаеше на целокупниот тек на натпреварот и крајниот резултат во Штип, велат од Брегалница.

„Крајно зачудувачки е што истиот судија во финишот на минатата сезона 2021/22, пак, значително ја оштети Брегалница со измислено досуден пенал против „сините“ на натпреварот од 27. коло со Македонија ЃП во Ѓорче Петров кога само поради неговата одлука беше „украдена“ победата на ФК Брегалница.

Која е причината за ваквиот однос на судијата Стојчевски кон ФК Брегалница, кој во континуитет сега и очигледно ја дели правдата на штета на „сините“, прашуваат од штипскиот тим.

Scroll to Top