Крилниот офанзивец Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница низ зимскиот преоден рок пред продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на второлигашот Детонит Плачковица каде настапуваше во првиот дел од сезоната 2022/23.
Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево.
Брегалница се засили претходно и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.