Брентфорд продолжува со одличните игри во Премиерлигата, победувајќи го Вест хем со 2:0 и така намалувајќи му ги шансите за топ 4 пласман, додека Норич им дадоа малку надеж на своите фанови дека е возможен чудесен опстанок во елитата по 2:0 побеата над Барнли.
Брајан Мбеумо во 48. минута од мечот постигна убав гол за Брентфорд, пред во 64. минута да му асистира на Ајван Тоуни за 2:0, предност која не го испуштија до крајот. Ова е четврта победа во последните пет меча за Брентфорд, додека Вест хем губат третпат во последните пет меча и остануваат на шест поени од четвртото место каде што е Тотенхем со меч помалку.
Норич, пак, победи првпат од јануари, триумфирајќи со 2:0 против Барнли, уште еден клуб кој се бори за опстанок во лигата.
ПРЕМИЕРЛИГА, 32.КОЛО
Брентфорд – Вест хем 2:0
Лестер – Кристал палас 2:1
Норич – Барнли 2:0