Top Sport

Брентфорд сака да ја продолжи соработката со Кристијан Ериксен

Англискиот премиерлигаш Брентфорд ќе се обиде да го задржи Кристијан Ериксен и следната сезона. Менаџерот Томас Франк се надева дека данскиот интернационалец ќе прифати продолжување на соработката иако има понуди и од Тотенхем, Њукасл и од Манчестер Јунајтед.

На Ериксен минатиот јуни му беше потребна спасувачка интервенција на теренот за време на натпреварот на Европското првенство против Финска. Потоа 30-годишниот играч од средниот ред мораше да го раскине договорот со Интер, бидејќи не му беше дозволено да игра во Серија А со вграден пејсмејкер, а Брентфорд му подаде рака и во врати во Премиерлигата.

Ериксен имаше одлични настапи за Брентфорд во изминатиот период, а се врати и во фудбалската репрезентација на Данска.

Scroll to Top