Top Sport

Брера замина на подготовки во Банско

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера се пресели на подготовки во Банско, Бугарија, каде ќе ја реализира втората фаза од планираната програма. Стручниот штаб предводен од италијанскиот стратег Џовано Валенти во наредните 12 дена ќе ја темпира формата на фудбалерите и ќе ја провери преку четири пријателски натпревари.

На 12. јули, Брера се среќава со Селимбар од Романија откако дојде до промена на противникот. На 17 . јули, втор ривал е Теута од Албанија.

Според планот на 21. јули, тимот на Валенти ќе се сретне со репрезентативниот состав на Киргистан, а втората фаза ќе биде заокружена со пријателски натпревар со Алтин Асир од Туркменистан на 22 јули.

Scroll to Top