Top Sport

Брозовиќ ја одбил Барселона

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ нема намера да го напушти Интер и да се пресели на „Камп Ноу“, иако за него има интерес од Барселона. Тој е максимално посветен на игрите во италијанскиот тим.

Менаџерот на Марсело Брозовиќ изјави дека нема вистина во гласините дека хрватскиот репрезентативец ќе замине во Барселона.

„Марсело останува во Интер бидејќи го сака тој клуб“, ја пренесоа неговата изјава италијанските медиуми.

Медиумите во Шпанија пишуваа дека Брозовиќ би можел да заврши во Барселона во размена на играчи, во која во спротивна насока би тргнале Мемфис Депај или Франк Кеси.

Наводно, тренерот на Барселона, Чави Ернандез би бил многу среќен да го види Брозовиќ во својот тим.

Scroll to Top