Палермо се блиску до банкрот и до испаѓање во Серија Д, откако еден „лажен брокер“ со бугарска компанија за осигурување требала да гарантира финансиска безбедност. Ова предизвика јавен бунт на навивачите на клубот, по што директорите на клубот мораа да се извлекуваат од состанокот кои тие го закажаа.
Ситуацијата во клубот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски е толку сериозна бидејќи клубот не успеа да се регистрира за сезоната 2019/20, пропуштајќи го крајниот рок за гаранција на финансиската стабилност. Од клубот признаа дека биле измамени од лажниот брокер.
Ова е само уште една епизода во неверојатната приказна на Палермо, откако прво беа исклучени од баражот за пласман во Серија А и им се закануваше испаѓање во трета лига, пред да добијат казна од -12 поени за новата сезона во Серија Б. Сега, пак, од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) велат дека правилата се едноставно и дека Палермо ќе биде официјално банкротиран и ќе мора да почне од почеток од Серија Д.
„Одлуката е едноставна, ќе ги почитуваме правилата. Нема продолжување на рокот“, вели претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.
Новите сопственици „Аркус нетворк“, кои го купија тимот од контроверзниот Маурицио Ѕамперини, денеска планираа состанок на бордот на директори, кој е одложен за утре, откако пред стадионот „Барбера“ се собраа навивачите кои протестираат за ситуацијата. Поради ова, директорите мораа да бараат алтернативен излез од состанокот.
#Palermo are in chaos once again, as the club claims it was “defrauded” by fake brokers of a Bulgarian insurance company and is set to go bankrupt https://t.co/DFmeCCXxWN #SerieB #Calcio pic.twitter.com/pjZ1nA1660
— footballitalia (@footballitalia) June 25, 2019
Chaos between Palermo & Serie B ?♂️- we’ll keep y’all updated ?♂️ pic.twitter.com/rYWCE943zW
— Italian Football TV (@IFTVofficial) June 24, 2019