Top Sport

Бундеслига: Баерн, Борусија и Лајпциг очекувано, ги потопија противниците

Победи на фаворитите во 9. коло од Бундеслигата.

Шампионот Баерн Минхен продолжува со одличната форма во домашното првенство, исто како и во Лигата на шампионите. Пулените на тренерот Јулијан Нагелсман попладнево немаа поголеми проблеми со составот на Хофенхајм, победа од 3-0.

Резултатот до отвори Габри со погодок во 16 минута откако поради прекршок во осмата минута неговиот погодок по ВАР асистенција беше поништен.

Фантастичниот Роберт Левандовски погоди за 2-0 во 30 минута, а третиот гол во мрежата на гостите беше дело на Чупо Мотинг во 82 минута.

Точка на мечот стави Кингсли Коман со погодокот во 87 минута.

Триумф, и тоа гостински, а згора на тоа и без Ерлинг Халанд во составот забележа екипата на Борусија Дортмунд кај Арминија во Билефилд, 1-3.

Емре Џан од пенал во 31-та и неговиот колега од дефанзивата на „милионерите“ Матс Хумелс во 45. минута донесоа предност од 2-0 на полувремето.

Сите дилеми околу прашањето на победникот ги реши тинејџерот Белингам во 72 минута, а домашните до крајот успеаја само да постигнат почесен погодок, преку Клос во 87 минута.

Убедлив триумф од 4-1 и за Лајпциг на мечот со „фенерџијата“ Гројтер Фурт.

Пресврт, од 2 во 1 на овој меч затоа што со голот на Хргота од пенал гостите во 45 минута поведоа со 1-0.

Сепак, „биковите“ со 4 гола, по еден на Поулсен, Форсберг, Собослаи и нововлезениот Новоа Рамос успеаја да стигнат до трите планирани бода.

На четвртиот меч што заврши попладнево во Германија, Волфсбург на свој терен беше изенаден од тимот на Фрајбург со 2-0.

Баерн е лидер на табелата со 22 бода, еден повеќе од Борусија (Д), додека трет на табелата е тимот на Фрајбург со 19 поени. Лајпциг моментно е на 6 позиција, со 14 бода.

Scroll to Top