Францускиот напаѓач на Келн, Антони Модест ќе одговара дисциплински откако на мечот од Бундеслигата со Арминија Билефелд го прослави својот гол со рекламирање на сопствениот бренд на кафе – делејќи бесплатни примероци на навивачите.
34-годишниот напаѓач е во одлична форма оваа сезона со 20 гола во сите натпреварувања Келн, но сега Германската фудбалска федерација (ДФБ) најави истрага за неговиот гол во 43. минута од мечот со Арминија, кога извади кесичка со неговото кафе, ја покажа на публиката, пред камерите и фотографите, за да ја фрли во публика, за на крајот на мечот да подели уште бесплатно кафе.
„Тоа беше мало благодарам за сите луѓе кои постојано ме поддржуваат. Бидејќи не можам да го дадам дресот, го давам кафето“, вели Модест.
Брендот на Модест се вика „Антони Модест Кафе“ и е направено со состојки од Бразил и Индија.
Eigentlich herrschte beim 1. FC Köln Jubel-Stimmung. Durch das mühsame 3:1 gegen Arminia Bielefeld hält der FC weiter Kurs auf Europa. Doch die Diskussionen um einen unverfrorenen Jubel von Anthony Modeste überlagerte vieles https://t.co/qwEXeZKOY8 @dpa @TspSport (mms) pic.twitter.com/IfNrIHxKXM
— dpa-Sport (@dpa_sport) April 24, 2022