Top Sport

Буњамин Шабани ја откри „тајната“ за непобедливата Струга Трим Лум

Буњамин Шабани, еден од најдобрите фудбалери на Струга Трим Лум, лидерот на табелата во македонскиот шампионат со максимални осум победи од осум натпревари, ја открива „тајната“. Тој вели дека заедништвото на тимот и посветеноста на сите во клубот донеле до еден ваков успех.

„Во Струга сите сме среќни за овој успех. Да бидам искрен не очекувавме да имаме ваква импресивна серија, од осум натпревари – осум победи. Според мене, клучот за успехот e во посветеноста на сите фудбалери и воедно сите во клубот. Се разбира, и заедништвото што го имаме во тимот“, изјави Буњамин Шабани.

Струга ТЛ го има најдобриот старт во клупската историја.

Scroll to Top