Top Sport

Роџерс пред отказ во Лестер

Лестер Сити е на последното место во Премиерлигата. Откако освоија бод на стартот од првенството против Брентфорд, „лисиците“ врзаа шест порази, па менаџерот Брендан Роџерс се наоѓа на работ на отказ.

Ова е најлошиот старт на Лестер во сезоната од 1983 година.

Медиумите во Англија шпекулираат дека Лестер веќе ја подготвил неговата замена. Тоа е уште еден менаџер од Премиерлигата, Томас Френк од Брентфорд.

Сепак, силниот договор на Брендан Роџерс е проблем за раководството на Лестер. Тој потпиша до летото 2025 година и неговиот отказ би го чинел клубот 10 милиони фунти.

Доколку „лисиците“ сепак решат да го отпуштат Роџерс, за Френк ќе треба да му платат отштета на Брентфорд, бидејќи договорот исто така му истекува во 2025 година.

Scroll to Top