Капитенот на Шпанија, Серхио Бускетс, не е сигурен дали ќе продолжи да игра за црвената фурија. Шпанија, синоќа, на пенали испадна од Италија, во полу-финалето на Европското првенство.
Серхио Бускетс, против Италија, го одигра 127 натпревар за Шпанија. Со црвената фурија, Бускетс бил светски и европски првак.
„Навистина не знам, сега не е момент да размислувам што понатаму. Ова е момент кога треба да бидам горд на својот тим“, одговорил Бускетс на прашањето дали ќе продолжи да игра за Шпанија и дополнил.
„Денес игравме повеќе фудбал од Италија. Тие се одличен тим, но ние ја имавме топката. Генерално гледано, бевме доминантни, шта што испаднавме на пенали. Одоме понатаму“.