Top Sport

Фудбалерите на Фиорентина направиле хаос во Шкотска, се правдаат дека немале топла вода!

Фудбалерите на Фиорентина од шкотските медиуми се обвинети дека се „арогантни и недисциплинирани“, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од соблекувалната на стадионот „Тајнкасл“ во Единбург, која ја оставиле во хаос по 0:3 победата над Хатрс во меч од Конференциската лига.

Според италијанските медиуми, клубот од Тоскана се правда дека фудбалерите на Виола морале „итно“ да го напуштат стадионот, бидејќи домаќините не им обезбедиле топла вода за туширање. И покрај ова, италијанскиот тим може да добие казна од УЕФА ако шкотскиот клуб го пријави „инцидентот“.

 

 

Scroll to Top