Top Sport

Ерик Тен Хаг е главен фаворит за менаџерската улога на „Олд Трафорд“

Фудбалскиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед доживеа елиминација во Лигата на шампионите, ќе остане без трофеј и оваа сезона, а главна задача на тимот предводен од Ралф Рангник ќе биде да избори пласман во елитното европско натпреварување и следната сезона преку англиското првенство. Во меѓувреме, раководството работи на ангажманот на нов менаџер кој треба да го преземе тимот од Рангник по завршувањето на овој шампионат.

Медимите на Островот пишуваат дека Ерик Тен Хаг е апсолутно првата желба на раководството на клубот и дека Холанѓанецот најверојатно ќе стане нов менаџер на тимот.

Тен Хаг разочара оваа недела во Лигата на шампионите, Ајакс исто така доживеа елиминација од Бенфика во ЛШ, па сега полека се отвора вратата за нови преговори.

Покрај Тен Хаг, се споменуваше и Маурисио Покетино, а во последниот период и Томас Тухел кој одлично го предводи Челси, но клубот има огромни проблеми поради санкциите наметнати за сопственикот Роман Абрамович.

Сепак, Ерик Тен Хаг ја добил поддршката и од Ралф Рангник, кога е во прашање менаџерската функција на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top