Top Sport

Чави: Левандовски воопшто не е стар, погледнете го Модриќ

Барселона во летниот преоден рок сака да го доведе Роберт Левандовски. Генијалниот голгетер го напушта Баерн по осум години и 343 гола на 373 натпревари бидејќи сака да го исполни својот сон и да заигра за Барселона.

Тој ја одби понудата на Баерн за продолжување на договорот и сака да замине една година пред истекот на актуелната соработка.

Тренерот на Барселона, Чави, смета дека Левандовски ќе биде одлично засилување.

„Неговите години ни најмалку не ме загрижуваат. На крајот на краиштата, го вративме Дани Алвеш кога имаше 38 години. Играчите денес се внимателни, тие се попрофесионални од порано. Најдобри примери се Модриќ, Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ“, изјави Чави.

Роберт Левандовски на 21 август ќе наполни 34 години.

Scroll to Top