Откако Барселона продолжи со слабиот старт на сезоната, повторно се појавија шпекулации дека местото на Ернесто Валверде на клупата е сосема несигурно, а сега легендата на клубот Чави доаѓа со изјава дека не би имал проблем да биде тренер на Блауграна, бидејќи добро ги знае своите поранешни соиграчи Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс.
39-годишниот Чави во моментов работи во Ал-Сад во Катар, следејќи го примерот на својот поранешен тренер Пеп Гвардиола, и започна со три победи во три меча и со 13 постигнати голови, а ги пласираше и во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони. Тој вели дека сега не размислува за „Ноу Камп“, но верува дека совршено би се вклопил.
„Не знам дали оваа позиција може да биде мост до Барса. Во моментов сум загрижен само за мојот тим, за победите, за титулите и за тоа да не направам некоја грешка. Но, не би имал проблем да бидам тренер таму. Ги познавам Лео, Луис, Бускетс, Жорди, Пике и Серхи многу добро. Знам како тренираат, за што се способни, знам кога се тажни или лути. Меси на пример може да биде многу добар фудбалер во одбраната. Ако го убедите да трча, што ќе прават другите? Ќе трчаат двојно повеќе“, вели Чави во интервју за каталонскиот весник „Ара“.
По најлошиот старт по 25 години Валверде признава: Загрижен сум