Top Sport

Чави: Педри е најголемиот талент во модерниот фудбал

Според тренерот на Барселона, Чави Ернандез, неговото „златно момче“ Педри е најголемиот фудбалски талент на планетата, пред имиња како Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, откако Педри постигна фантастичен гол против Валенсија при убедливата 1:4 победа.

„Нема поголем талент на светот од Педри. Тој е фантастичен играч и мораме добро да го чуваме. Начинот на кој се движи на теренот, тајмингот кој го има… Просто фантастично. Тој е најдобриот играч на неговата позиција на 19 години, во тоа сум сигурен. Се надевам дека Нико, Педри и Гави ќе ни дадат големи радости во Барселона и ќе одат подалеку од достигнувањата кои ги имавме јас, Бускетс и Иниеста“, изјави Чави по победата.

Обамејанг и Барса се „распукаа“ на „Месталја“

Scroll to Top