Top Sport

„Волците“ подобри од Лестер, продолжува кризата на „лисиците“

Вулверхемптон со 2:1 го совлада Лестер за да си ги зголеми шансите за пласман во Европа оваа сезона и во исто време да ја продолжат лошата серија на „лисиците“, кои се без победа во шест меча за притисок на менаџерот Брендан Роџерс.

Рубен Невеш уште во 9. минута ги донесе домаќините до водство на „Молињу“, но Лестер успеа да израмни во 41. минута преку Адемола Лукман. Трите поени за тимот на Бруно Лаже ги осигура Даниел Поденс со фантастичен гол од далечина во 67. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top