Top Sport

Чави повика дете во првиот тим на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, го повика 15. годишното момче Ламине Јамал во првиот тим за натпреварот против Атлетико Мадрид. Талентираниот напаѓач е најмладиот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант кој конкурирал за еден натпревар.

Доколку биде во ростерот на утрешниот натпревар и добие шанса од Чаци, Јамал ќе стане најмладиот дебитант во историјата на Примера.

Чави го објасни зошто го повикал ова момче во првиот тим.

„Како што Педри има одредени работи што ги имаше Иниеста, така и Ламине е различен. Тој собра многу работи од различни фудбалери и има неверојатен талент. Не би го споредувал со некој конкретен фудбалер“, изјави Чави.

Ламине Јамал Насрауи Ебана е роден во Шпанија. Неговиот татко е по потекло од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја.

Scroll to Top