Вест хем продолжува со фантастичните игри во англиската Премиер лига, и во исто време им ја зголеми мизеријата на градските ривали Тотенхем, победувајќи ги со 2:1 за да се вратат на четвртото место на табелата.
Тотенхем на Жозе Мурињо пак, има шест порази во последните седум меча и останува на деветтото место со дури 9 поени од потенцијален топ 4 пласман.
Мајкл Антонио уште во петтата минута ги „стресе“ Спарси, а во 47. минута, Џеси Лингард постигна нов гол по позајмицата од Манчестер јунајтед за 2:0 водство. Тотенхем успеа да намали преку Лукас Моура во 64. минута, но не и да стигне до израмнување.
Вест хем на Дејвид Мојс се четврти со 45 поени, само поен зад Манчестер јунајтед и Лестер пред нив, додека Тотенхем има 36 поени.