Top Sport

Куртоа: Поради повреда ја напуштив репрезентацијата

Голманот на Реал, Тибо Куртоа изјавил дека го напуштил тренинг кампот на белгиската репрезентација поради повреда на коленото, а не поради конфликт со тренерот, иако не се согласува со некои негови постапки, пренесуваат тамошните медиуми.

Куртоа реши да ја напушти репрезентацијата по мечот со Австрија (1:1), а белгиските медиуми тврдат дека голманот на Реал му е лут на тренерот Доменико Тедеско, кој решил да го направи Ромелу Лукаку капитен, бидејќи поради повреда Кевин де Брујне го пропушти натпреварот.

Таткото на голманот на Реал, Тиери Куртоа изјави дека неговиот син нема да биде во селекцијата на Белгија на вечерашниот натпревар со Естонија во квалификациите за ЕП 2024 поради проблем со коленото.

„Би сакал да кажам дека е вистина, но не можам да лажам. Секогаш се трудам да ги бранам моите играчи, но сега тоа е невозможно“, изјави Тедеско на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Естонија и додаде дека Куртоа го напуштил тимот бидејќи бил разочаран и навреден.

Куртоа се огласи на Инстаграм и истакна дека е разочаран од изјавите на тренерот Тедеско.

„Би сакал да објаснам дека не беше прв или последен пат кога разговарав со тренерот за работи што се случуваат во соблекувалната. Сепак, ова е прв пат некој да го каже тоа во јавноста. Разочаран сум и можам да кажам дека неговите изјави не одговараат на вистината. За време на разговорот со него, го замолив да ми ги објасни одлуките за да избегнеме ситуации кои ни наштетиле во минатото. Да се биде или не капитен не е хит, ниту пак случајна одлука. Мора да биде негова одлука, тоа се обидов да му кажам, но за жал не успеав“, напиша голманот на Реал.

Куртоа требаше да ја носи капитенската лента на Белгија на вечерашниот натпревар против Естонија.

„Инсистирам на информацијата дека не сум побарал ништо и дека сум разговарал со Лукаку за да се расчисти ситуацијата која настана. Исто така, спротивно на она што е кажано, не сум разговарал со други соиграчи за тоа. Во неделата навечер го проверив коленото. Медицинските лица на мојот клуб и репрезентацијата беа во контакт и ја проучуваа целата документација пред одлуката за напуштање на кампот“, заклучи Куртоа.

Scroll to Top