Top Sport

Челси го повика Нагелсман на разговор за менаџерската позиција

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, доби покана за состанок со шефовите на Челси, каде ќе може да го претстави својот проект и визија за тимот, пренесува „Билд“.

Нагелсман, кој беше отпуштен од германскиот шампион на крајот на март, е меѓу главните кандидати за функцијата во лондонскиот тим откако „сините“ се разделија со Грем Потер. Засега до крајот на сезоната на кормилото ќе биде легендата на клубот Френк Лампард.

Германскиот стратег се поврзува и со тренерската позиција во Тотенхем.

Другиот сериозен кандидат за менаџер на Челси, поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, веќе ја претстави својата програма на раководството на клубот минатата недела.
Зинедин Зидан, Маурисио Покетино и тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер, се исто така на списокот на имиња за нов менаџер на Челси.

Scroll to Top