Top Sport

Олимпијакос се раздели со Хамес Родригез

Фудбалскиот клуб Олимпијакос одлучи да го раскине договорот со Хамес Родригез. Колумбиецот дојде во Атина како слободен играч во септември, но Олимпијакос веќе одлучи да ја прекине соработката со него.

Олимпијакос преку официјално соопштение му се заблагодари за соработката, истакнувајќи дека му посакуваат се најдобро во кариерата.

Родригез веќе неколку сезони е во слободен пад, а вистинското прашање е каде ќе игра по оваа неславна епизода.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, во првенството на Грција постигна пет гола и забележа шест асистенции во дресот на Олимпијакос.

Scroll to Top