Фудбалерите на Челси ќе играат во четврт-финалето на Лигата на шампионите откако ја елиминираа Борусија Дортмунд. Сепак, во Премиерлигата се наоѓаат на десеттото место и се далеку од борбата за Европа. Тоа наложува да има и реконструкција во тимот за следната сезона.
Според медиумите на Островот, „сините“ би можеле да го продадат еден од најдобрите поединци, Мејсон Маунт.
Неговиот актуелен договор е до јуни следната година, но преговорите за продолжување на соработката се во прекин.
Засега, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за него, заедно со Јувентус, а потенцијалниот трансфер би бил вреден околу 50 милиони фунти.
Маунт за Челси оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања со три гола и шест асистенции.
🚨 Mason Mount could be available for around £50m and it is increasingly likely he leaves Chelsea. Chelsea’s latest offer was understood to be worth around £180,000 a week. (@JacobSteinberg) #CFC pic.twitter.com/NQSNFlRlZN
— Pys (@CFCPys) March 9, 2023