Top Sport

Челси ќе се пресели на „Вембли“ за комплетно да го реновира „Стемфорд Бриџ“

Сопствениците на Челси се откажаа од изградбата на нов стадион и ќе го реновираат „Стемфорд Бриџ“. За време на реновирањето нема да можат да играат натпревари на стадионот, па ќе мора привремено да се преселат.

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Челси одлучи во тој период да игра како домаќин на „Вембли“.

Целосниот ремонт на „Стемфорд Бриџ“, уривањето на стадионот и изградбата на нов на негово место, може да потрае и до пет години. Се очекува само демонтажата на постоечките објекти да трае околу година и половина. За овој период на „сините“ од Лондон ќе им биде потребен привремен дом, а тоа би требало да биде „Вембли“.

Доколку случајно Челси одлучи истовремено да го реновира стадионот и да продолжи да игра на „Стемфорд Бриџ“, целиот процес би можел да биде продолжен до 10 години, проценуваат експертите.

Scroll to Top