Top Sport

Лазаров: Холанѓаните се многу квалитетни, но имаме шанси

Ракометната репрезентација на Македонија го остава зад себе стартниот пораз на Мундијалот, ја заборава Норвешка и веќе комплетно ракометарите и стручниот штаб се фокусираат на Холандија. Утре во Краков ги очекува вториот дуел на Светското првенство.

По вечерашниот тренинг, селекторот Кирил Лазаров со мала анализа на следниот противник.

„Холандија е екстра квалитетна, сите го знаеме тоа, а и го видовме на првиот меч против Аргентина. Денот го искористивме за добро да ги анализираме, ќе се подготвиме и ќе излеземе да се надигруваме. Мислам дека имаме шанси, треба да размислуваме позитивно. Ќе мораме да одговориме максимално одговорно, и во напад и во одбрана. Стеинс е нивниот организатор, продолжена рака на селекторот, но ќе треба да најдеме решение. Ако сакаме победа, ќе мораме да бидеме екстра квалитетни во текот на сите 60 минути“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

По повредата на Томислав Јагуриноски, во составот е повикан Давид Саврески.

„Ќе ни недостига Јагуриноски. Тој покажува голем квалитет во последно време, но не е подготвен за настап“, истакна селекторот.

Scroll to Top