Проблемите во Челси продолжуваат да се продлабочуваат, а тоа најверојатно ќе го чини клубот сè поголема неизвесност, откако вчера официјалниот сопственик на „сините“, Роман Абрамович, доби исклучително строги санкции од британската влада. Вчера во Велика Британија беа замрзнати сите средства на седум руски олигарси, меѓу кои и на Абрамович.
Ова му ја укина контролата врз лондонскиот клуб, кој доби специјална лиценца за завршување на сезоната, но претрпе низа други ограничувања, вклучувајќи продажба на предмети, билети и сите други приходи и расходи.
Набргу потоа стана јасно дека главниот спонзор на клубот „Три“ привремено го раскинува договорот со клубот кој носи 40 милиони фунти годишно. Уште пострашно што за сличен потег размислува и „Најк“, компанијата за спортска опрема која има потпишан договор со Челси во 2016 година за наредните 15 години вреден околу 900 милиони фунти. Евентуалното суспендирање на договорот во овој момент би можело да го чини Челси околу 540 милиони фунти.
Се чини многу веројатно дека владата на Велика Британија ќе ја преземе контролата и врз зделката за продавање на клубот. Ова во пракса му остава на Абрамович две опции, или да се согласи со условите на владата и да го загуби клубот, или да одбие, што во голема мера ќе ја искомпликува ситуацијата и не е јасно како може да се развиваат работите по крајот на сезоната.