Top Sport

Челси размислува за Вилфред Заха

Челси размислува за трансфер на крилниот играч на Кристал Палас, Вилфред Заха, откриваат медиумите на Островот. Лондончани веќе потпишаа со Рахим Стерлинг за да ја зголемат конкуренцијата во нападот, но менаџерот Томас Тухел се залага за барем уште едно засилување.

Тој не беше задоволен од напаѓачките перформанси на тимот минатата сезона, а неколку од актуелните играчи на „Стемфорд бриџ“, меѓу кои Тимо Вернер, Хаким Зијеш и Кристијан Пулишиќ, се поврзуваат со трансфер и ќе треба да се најдат соодветни замени.

Заха е под договор со Кристал Палас до следното лето и клубот е подготвен да преговара за продажба доколку добие доволно атрактивна понуда. Речиси целата кариера на фудбалерот е поврзана со „Селхурст Парк“, освен кусиот период во Манчестер Јунајтед.

Тој е еден од најконстантните играчи на Кристал Палас, со 429 настапи, 83 гола и 73 асистенции за клубот.

Scroll to Top