Канцеларијата на чешкиот претседател, Милош Земан влезе во остар напад на УЕФА по одлуката фудбалерот на Славија Прага, Ондреј Кудела да добие суспензија од 10 меча поради „расистичко однесување“.
УЕФА во средата го казни Кудела бидејќи наводно го нарекол финскиот фудбалер на Глазгов Ренџерс, Глен Камара „еб.н мајмун“ при бурниот меч во Глазгов во март. Камара беше суспендиран три меча за физичкиот напад на Кудела во тунелот. Кудела тврди дека не кажал такво нешто, иако го опцул ривалот, и Земан смета дека УЕФА врши дискриминација на белите фудбалери.
„Осудивте чесен човек без еден доказ. Направивте да е невозможно спортистите да го остварат својот сон и да играат во европската лига. Само да задоволите перверзни очекувања на група на активисти и тим кој не можеше да победи на теренот за да се реши на празни обвинувања за расизам. Вашата сопствена борба против расизам сега е борба на неуспешниот со успешниот. Врв на хипокризијата, позитивната дискримација и подлегнување на смешни трендови. Наместо да се заштитат црните луѓе од расизам, сега имате обратна ситуација – личност со друга боја на кожа е тој кој е осуден“, се вели во објавата на Земан до УЕФА.
Rangers glen kamara being racially abused by a slavia Prague player according to steven Gerrard, let’s see what uefa have to say about it. pic.twitter.com/qyT11smVLw
— Devo (@DevoLDN) March 18, 2021