Вечерва ќе бидат познати полу-финалистите во Лига Европа. Челси и Валенсија со „една нога“ веќе се меѓу најдобрите четири екипи, додека „оган“ се очекува на мечевите во Франкфурт и Неапол.
Челси и Валенсија пред своите навивачи само треба да го потврдат пласманот во полу-финалето, откако победија како гости кај Славија во Прага, односно Вилјареал.
„Сините“ ја посакуваат титулата во Лига Европа, пред една недела во Прага победија со голот на Жиру. Од друга страна, Валенсија во финишот убедливо победи кај соседите од Вилјареал (3:1).
Арсенал со предност од два гола ќе гостува на Сан Паоло во Неапол. Иако предноста на лондончани е голема, тимот на Карло Анчелоти немама намера да се откаже од пласманот во полу-финалето. Наполи моќно делувата кога се домаќини, додека Арсенал е далеку послаб на гостински терен, а најдобра показател за тоа се поразите во претходните две рунди во Бечорусија од БАТЕ Борисов и Франција од Рен.
Два гола предност пр првиот меч стекнаа и фудбалерите на Бенфика, кои славеа над Ајнтрахт 4:2. Германците извлекоа добар резултат во Лисабон, ако се знае дека од 20 минита играа со десет играчи, а со фудбалер помалку постигнаа два гола. Нападот на Ајнтрахт ќе го предводи Лука Јовиќ, кој најавува дека ќе постигне гол против својот поранешен тим.
Инаку во полу-финалето Арсенал или Наполи ќе играат против Валенсија или Вилјареал, а Челси или Славија против Ајнтрахт или Бенфика. Полу-финалните мечеви ќе се играат на 2 и 9 мај, а големото финале е на 29 мај во Баку, Азербејџан.