Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, а сега играч на Лос Анџелес галакси, Мексиканецот Хавиер Ернандез „Чичарито“ не можеше да ги заддржи солзите на тренинг-сесија по маките кои ги има со повредите.
33-годишниот ветеран ја почна американската сезона во одлична форма, постигнувајќи два гола при 3:2 победата над Интер Мајами, а постигна уште девет гола досега во сезоната, но нема играно од 23 јуни, кога се повреди на тренинг пред мечот со Спортинг Канзас Сити. Очигледно тој работи на опоравувањето, покажувајќи го прогресот на Инстаграм, но работите не одат најдобро.
„Секогаш поминуваме низ тешки моменти, низ тешки ситуации и треба да земеме нешто негативно и да ја искористиме ситуацијата за мотивација. Одлуката дали ќе продолжиш или не е само твоја“, напиша Чичарито на Инстаграм.