Чилеанската фудбалска федерација (АНПФ) објави дека ќе се жали на одлуката на ФИФА да дозволи Еквадор да настапи на Светското првенство во Катар оваа зима, откако првата жалба за користење на фудбалер кој нема право на настап беше одбиена.
На 10 јуни, ФИФА одлучи Еквадор да го заддржи „билетот“ за Катар, откако АНПФ не дале доволно докази дека фудбалерот Бајрон Кастилјо не е роден во еквадорскиот град Генерал Вилјами Плахас во 1998 како што стои во официјалните документи. Чилеанците стојат на ставот дека Кастилјо е роден во Тумако, Колумбија во 1995 и дека со фалсификувани документи играл во 8 од 18-те квалификациски мечеви на Еквадор.
„Ние сме сигурни во нашите заклучоци по истрагата и јасно е дека тој фудбалер користел фалсификувани еквадорски докменти. Не се работи само за место на СП, туку и за принципот на ферплеј“, изјави претседателот на чилеанската федерација, Хорхе Јунге.
Чиле беа седми во јужноамериканската квалификациска група со 19 поени, додека Перу заврши на петтото место, за да игра бараж, кој го загуби од Австралија. Бразил, Аргентина, Уругвај и Еквадор на четвртото место обезбеија директен пласман на СП.
The #Football Federation of #Chile continues to fight for #Ecuador's place at the #FIFAWorldCup, asking the FIFA Appeals Committee to look at its claim Byron Castillo was not eligible to play for Ecuador in qualifyinghttps://t.co/b1MCGbQMNk #Qatar2022 #SportsLaw #ByronCastillo
— insidethegames (@insidethegames) July 28, 2022