Top Sport

Чиро Имобиле останува на болнички третман по судирот со трамвајот

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, вчера доживеа судир кога трамвај налета на неговиот автомобил во Рим. Иако веднаш по несреќата истакна дека е добро, сепак, капитенот на Лацио е задржан во болница откако го повредил ‘рбетот и има скршено ребро.

Засега не се знае колку време Италијанецот ќе биде задржан на болнички третман.

„Медицинскиот персонал на Лацио соопштува дека по сообраќајна несреќа, фудбалерот Чиро Имобиле претрпел траума со дисторзија на ‘рбетот и сложена фрактура на десното ребро. Фудбалерот сè уште е под опсервација на одделот за итна медицина предводен од професорот Франческо Франчески од Универзитетската болница Агостино Гемели во Рим“, се вели во соопштението на Лацио.

Експертите процениле дека доколку Чиро Имобиле возел друго возило, исходот од оваа несреќа ќе бил многу полош, а прашање е и дали ќе преживеел. За среќа, Имобиле не е тешко повреден откако трамвајот директно удри во неговиот џип.

Scroll to Top