Top Sport

Чуамени се договорил и со Реал и со Ливерпул

Младиот француски играч за врска и фудбалер на Монако, Орилиен Чуамени, во летниот преоден рок ќе го напошти клубот. Тој постигнал договор со Реал Мадрид и со Ливерпул.

Претставниците на фудбалерот се договориле со овие два тима за личните услови за нивниот клиент, сега останува на мадриѓаните и на „црвените“ да преговараат со Монако за откуп на неговиот договор.

Чуамени добил гаранции од двата клуба дека ќе игра и покрај тоа што и Реал и Ливерпул се одлично покриени на неговата позиција.

Веројатно, идниот клуб на Чуамени ќе биде познат по одигрувањето на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, во кој за титулата ќе се борат токму Реал и Ливерпул.

Некои медиуми пишуваат дека трансферот на Чуамени ќе изнесува помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Scroll to Top