Top Sport

Камара на прагот на Астон Вила

Талентираниот француски фудбалер Бубакар Камара е во завршни преговори со Астон Вила. 22-годишниkот претходно изјави дека го напушта Олимпик Марсеј, со зборовите дека тоа е најдобрата одлука за него во моментов.

Камара оваа сезона беше предмет на интерес на голем број клубови, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваа Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид.

Сепак, се чини дека Камара кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, договорот се уште не е потпишан, но биле договорени сите детали и се очекува тој да биде официјализиран во следните неколку дена.
Камара како слободен играч ќе се пресели во тимот од Бирмингем, кој ќе добие големо засилување за следната сезона.

Scroll to Top