Top Sport

Чупо-Мотинг го пропушта дуелот против Манчестер Сити во ЛШ

Ерик-Максим Чупо-Мотинг би можел да го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во кој неговиот тим Баерн Минхен му гостува на Манчестер Сити во вторник на 11 април.

Напаѓачот од Камерун го повреди коленото на натпреварот од Купот на Германија против Фрајбург, кога тимот од Минхен беше поразен со 1:2 и елиминиран.

Тренерот Томас Тухел објави дека Чупо-Мотинг ќе го пропушти натпреварот против истиот ривал во првенството.

„Ќе бидеме во трка со времето, иако мислам дека има мали шанси Чупо-Мотинг да ни помогне на натпреварот против Манчестер Сити“, изјави Тухел.

Чупо-Мотинг оваа година игра одлично и на 28 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 голови. Во Лигата на шампионите, на шест натпревари четири пати се запиша во листата на стрелците.

Scroll to Top