Top Sport

Ферари се жали на казната за Карлос Саинс

Возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор, е казнет со додавање пет секунди на резултатот на трката за ГН на Австралија. Причина за санкцијата е судирот во кој имаше контакт со Фернандо Алонсо, а италијанскиот тим не е задоволен од таа одлука и поднесе официјална жалба.

Шефот на Ферари, Фредерик Васер го обвини менаџментот на трката за недоследност.

Како резултат на казната, Саинс падна од четвртото на 12. место во поредокот на трката која изобилуваше со возбудувања и скандали.

Васер не сакаше да навлегува во деталите за причината за жалбата, но рече дека Ферари не се задоволни со тоа што некои други возачи не се казнети за слични прекршоци.

„Мислам дека, во најмала рака, треба да имаме отворена дискусија со раководството на трката. За доброто на спортот мислам дека треба да избегнуваме различни одлуки за три слични инциденти“, изјави Васер.

Саинс исто така го изрази своето незадоволство од одлуката и рече дека тоа е „најнеправедната одлука и срам за спортот“.

Scroll to Top