Top Sport

Барселона сака да се раздели со Жорди Алба, но тој сака да остане на „Камп Ноу“

Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба, не сака да го напушти тимот во следниот преоден рок, пренесува каталонски „Спорт“. Фудбалерот планира да остане во составот на Каталонците до крајот на договорот, односно до летото 2024 година.

Барселона ќе се обиде да се раздели со Алба ова лето, бидејќи клубот до крајот на договорот би му должел на играчот околу 38 милиони евра.

Каталонскиот гигант треба да го намали буџетот за плати за 200 милиони евра бидејќи во моментов не одговара на барањата на Ла Лига. Сепак, дефанзивецот сака да игра само за тимот предводен од Чави.

34-годишниот Шпанец оваа сезона во Ла Лига постигна гол и забележа три асистенции, а на „Камп Ноу“ е од 2012 година.

Scroll to Top