Фудбалскиот клуб Црвена звезда и Италијанецот Кристијан Пичиниќ ја прекинаа соработката. Двете страни спогодбено се разделиел, пишуваат српските медиуми.
Пичини, во зимскиот преоден рок, од Валенсија се пресели во Црвена звезда. Сепак искусниот дефанзивец не успеа да се избори за место во тимот. Дека клубот не е задоволен од него покажа и првиот меч оваа сезона, кога тренерот Дејан Станковиќ го остави Пичини на клупата за резерви.
Италијанскиот десен бек во Црвена звезда имаше годишна плата од 600.000 евра.
Пичини во кариерата играл за Аталанта, Фиорентина, Ливорно, Специја, Спортинг Лисабон, Бетис и Валенсија. Играл за сите младински селекции на италијанската репрезентација, за сениорскиот тим настапил на три натпревари.