Српските медиуми објавија дека според јавните државни податоци, ФК Црвена звезда до 31 декември 2019 година должи вкупно 32.174.049 евра.
Според финансискиот извештај, Звезда е вкупно во загуба 45.718.238 евра, но има и приход од 13.5 милиони евра. Ова е намалување на долгот, откако лани клубот беше во загуба 34.348.500 евра.
Најтрофејниот српски клуб последните две години играше во групната фаза на Лигата на шампионите, така што се очекуваше намалување на долгот. Со нов пласман во ЛШ, финансиското „здравје“ на клубот би било многу подобро.