Даглас Коста по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус. Италијанските медиуми објавија дека тој добил дозвола да си бара нов клуб.
Крилниот напаѓач оваа сезона поради повредите има одиграно само 14 натпревари за Јувентус. Поради тоа добил дозвола да си бара нов клуб, а Јувентус дополнително ќе ја одредат цената за него.
Се шпекулира дека Манчестер сити се интересирале за него, а исто така Бразилецот го следеле и од Барселона.