Даглас Коста е еден од фудбалерите на Јувентус за кого се шпекулира дека во летниот преоден рок ќе го напушти клубот. Крилниот напаѓач поради коронавирусот со семејството се врати во татковината, каде чека дозвола од властите да се врати во Италија.
„Се надевам дека наскоро ќе се вратам во Италија. Немам трпение повеќе не знам што да правам овде“, им се доверил на Инстаграм Бразилецот на своите фанови, а потоа кажал и за кој играч смета дека е најдобар во Јувентус.
„Најдобар во Јувентус е Паоло Дибала. Со него сум добар пријател. Тука е секако и Кристијано Роналдо, но ние левучарите подобро се разбираме меѓу себе“.