Top Sport

Дали Хери Кејн е „валкан“ и опасен играч?

Ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн е мета на критичарите кои сметаат дека напаѓачот пречесто се обидува да извлече пенал за неговиот тим со „валкана“ игра, покажувајќи на инцидентите на мечевите со Брајтон и Вест хем.

Во неделата, Кејн го постигна првиот гол од пенал против Брајтон откако се „подмести“ под поранешниот соиграч од англиската репрезентација, Адам Лалана, иако оваа одлука подоцна беше потврдена и од ВАР системот.

Критичарите веднаш потсетија дека Кејн направи сличен потег при 3:3 ремито со Вест хем, што според нив е доказ дека се работи за опасна навика.

Scroll to Top