Top Sport

Куман му одговори на Сетиен: Воопшто не е тешко да се работи со Меси

Лионел Меси секогаш покажува амбиција и победнички карактер и воопшто не е тешко да се работи со него, вели тренерот на Барселона, Роналд Куман одговарајќи му на неговиот претходник Кике Сетиен.

Сетиен во интервју откри дека не било лесно да се работи со Меси иако го смета за најдобриот фудбалер на денешницата, споредувајќи го со Мајкл Џордан и неговиот карактер покажан во документарната серија „Последниот танц“. Куман и покрај почетниот конфликт со капитенот Меси, вели дека тоа не е точно.

„Немам проблеми да го водам. Тој е капитен и зборувам со него секоја недела. Јас гледам понаку на работите од Сетиен и не се согласувам со таквата оценка. Мојата иднина во Барселона не е најважната, туку најважно е да победуваме со Меси во тимот“, вели Куман.

Сетиен призна: Тешко е да му бидеш тренер на Меси

Scroll to Top