Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8. март, прочита дел од навредливите и сексистички коментари кои ги добиваат фудбалерките на Барселона секој ден.
Левандовски се сретна со ѕвездата на женскиот тим, Марија Леон, и двајцата седнаа да прочитаат дел од пораките, меѓу кои имаше и пораки: „врати се во кујната“, „женскиот фудбал не е вистински фудбал“ и „подготви се за Кујна Д’ор“.
„Ние добиваме вакви пораки секој ден. Само бидејќи сме жени кои играме фудбал“, вели Леон.
Од Барселона порачаа дека видеото е направено со јасна цел – идните генерации да одат уште подалеку во својата желба да станат фудбалерки.
❝The limit depends on us. If we want to, we can.❞ 💪💜#IWD2023#InternationalWomensDay#LilaBarça pic.twitter.com/wOvdDeUzlL
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 8, 2023