Top Sport

Дали тренерот на ПСЖ го претера со тешењето на фудбалерката?

Тренерот на женскиот тим на Пари Сен-Жермен, Оливие Ешуафни стана мета на напади на социјаллните мрежи откако видеото во кое ја „теши“ својата фудбалерка Сенди Балтимор, непристојно фаќајќи ја по телото.

Покрај поразот од 1:0 во полуфиналето од Лигата на шампионите од нивниот француски ривал Лион во Билбао, тимот се најде во скандал поради однесувањето на 47-годишниот поранешен француски фудбалер.

Иако дел од коментаторите на Интернет го бранеа тренерот, оценувајќи дека сакал да ја утеши француската фудбалерка, која влезе во игра во 54. минута и беше заменета во 81. минута, мнозинството сметаат дека се работи за сосема непристојно и неприфатливо однесување.

Scroll to Top